„Форца Вардар“ потпиша договор за соработка со поранешниот европски шампион Црвена Звезда (ФОТО)

Една од најдобрите македонски фудбалски школи „Форца Вардар“ од Скопје денеска официјално во просториите на Црвена Звезда потпиша договор за соработка со поранешниот европски шампион, екипата на белградска Црвена Звезда.

Потпишувањето на договорот во Белград го официјализираше претседателот на Форца Вардар, Јордан Џипунов заедно со спортскиот директор, Боби Стевковски, а во името на Црвена Звезда потпишаа претседателот на клубот, Светозар Мијаиловиќ и координаторот на младинската школа на „црвено-белите“; Владимир Цвјетичанин.

Со договорот е потпишана соработка за размена на играчи, стручна соработка како и организација на камп на Црвена Звезда во Скопје.

„Форца Вардар“ е една од најпрепознатливите фудбалски школи во Македонија предводена од легендата на Вардар и македонскиот фудбал Јовче Џипунов, а од која потекнуваат и едни од најдобрите македонски фудбалери, актуелните репрезентативци Елиф Елмас и Дарко Чурлинов.

Се вчитува...