ЕКИПА во Малта,
Горан Бошев
Еден од најдобрите македонски репрезентативци Аријан Адеми се појави на вечерниот тренинг пред утрешниот квалификациски натпревар со Малта на патот кон ЕП 2024, и покрај сериозните проблеми со повредата.
Прашање е дали Адеми ќе може комплетно да се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски на мечот кој и тоа како е важен во битката за три бода како начин за позитивниот резултатско заокружување на септемврискиот собир. Јасно е дека Адеми, со сиот свој квалитет, е секогаш неопходен за тимот во битката за бодови низ квалификациите.
На голот, пак, се очекува да биде Дамјан Шишковски, како замена за Столе Димитриевски кој поради болки во грбот, по повредата на мечот со Италија во Скопје, отпадна за утрешниот дуел.
Натпреварот меѓу Малта и Македонија во рамките на Групата Ц од квалификациите за ЕП 2024 се игра утре на Националниот стадион на Малта во Та Кали со почеток од 20:45 часот. Стадионот е со капацитет од 17.000 седишта, а домаќините најавуваат присуство на околу 10.000 навивачи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА