ФОТО: Арби Воша со признание од својот клуб – 100. натпревар за „лавовите“

Пред денешниот натпревар на Македонија ЃП со Академија Пандев на стартот од пролетниот дел во Првата македонска фудбалска лига, „лавовите“ приредија мало изненадување за еден од своите најдобри фудбалери.

Поранешниот младински репрезентативец Арби Воша денеска го игра својот 100-ти натпревар за Македонија ЃП, па од клубот доби посебно признание како заокружување за целокупниот досегашен придонес за тимот од Ѓорче Петров.

Арби Воша потекнува од фудбалската школа на Македонија ЃП, дебитирајќи во 2018 година токму против денешниот противник. Има постигнато 11 погодоци за „лавовите“ во Првата Лига и е освоител на националниот Куп во 2022 година.

Се вчитува...