Аргентинскиот голман Емилијано Мартинез и натаму продолжи да го „пецка“ Килијан Мбапе. Откако во соблекувалната на Аргентина по завршувањето на финалето со Франција, побара минута молчење за Мбапе, сега со кукла во рацете со неговиот лик, Мартинез славеше со навивачите низ улиците на Буенос Аирес.
Мартинез повторно го исмеваше напаѓачот на француската репрезентација, а интересно е што од него прими четири гола во финале, сметајќи го и оној во пенал серијата.
Мартинез и пред финалето го „пецкаше“ Мбапе изјавувајќи дека „тој не разбира фудбал и треба да молчи“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА