ФОТО: Барди стана татко пред мечот со Белгија

Капитенот на македонската репрезентација Енис Барди, доби ќерка Аја пред мечот со Белгија во квалификациите за Светското првенство. Неговата сопруга се породи во Турција, а неговиот клуб Коњаспор му честиташе за приновата.

Барди беше денеска на тренингот на Македонија, пред утрешното заминување на играчите во Гент, каде што во петок ќе се одигра мечот со Белгија.

Се вчитува...