Македонија од 13 часот против Русија ја очекува почетокот на разигрувањето за пласман од 13. до 16. место на Светското првенство 2019.
Пред стартот на финалните разигрувања на Мундијалот 2019, добар дел од резимето на досега завршеното се насочува и кон фановите на националните селекции. А, во тој сегмент Македонија дефинитивно има со што да се пофали. Македонските навивачи беа постојано во фокусот на вниманието. Токму затоа и од серијалот „БИДИ ОСМИ ИГРАЧ“ како фотографија на навивач од првиот круг натпревари е македонски член на „Фалангата“…
Македонците имаа на што да се радуваат во Минхен, имаа и за што да тагуваат. Сега, пак, во Келн веруваат дека може да дојдеме до две победи со кои ќе завршиме на 13. место меѓу најдобрите репрезентации во светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА