Навивачите на Еурофарм Пелистер во одлично расположение го очекуваат вечерашниот дуел на нивните миленици со екипата на Спортинг Лисабон.
Атмосферата оправдано е победничка со оглед на одличната серија од четири европски дуели без пораз на битолчани, кои со триумф денеска ќе стават печат на пласманот во следната рунда, по што во наредните рунди би им преостанала борба за што подобар пласман во пресрет на нокаут-фазата.
Фан-зоната што управата на Еурофарм Пелистер ја организира поради студот во Битола се пресели во салата „Боро Чурлевски“, каде навивачите дополнително се „загреваат“ пред самиот почеток на натпреварот.
Спортинг се спаси од пораз на последниот дуел во Лисабон, но Еурофарм Пелистер бодрен од фантастичните навивачи овојпат е уште поблиску до победата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА