ФОТО: Браќата Мојсови еден против друг денеска во Штип!

Натпреварот меѓу Брегалница и Тиквеш денеска од 15 часот на Градскиот стадион во Штип го привлекува најголемото внимание во 25. коло од Првата македонска фудбалска лига. Секако, поради традиционалниот ривалитет кој владее долги години меѓу двете екипи.

Но, мечот ќе биде во фокусот и преку братската пресметка меѓу, поранешните македонски репрезентативци Даниел Мојсов и Ѓорѓи Мојсов.

Даниел сега како капитен на екипата на Брегалница, иако според одлуката на тренерот Горан Здравков, мечот ќе го почне од клупата, и на спротивната страна Ѓорѓи кој е шеф на стручниот штаб на Тиквеш.

Се вчитува...