ФОТО: Брутална трансформација на ѕвездата на Барселона

Алехандро Балде, левокрилниот фудбалер на Барселона оваа сезона игра одлично за лидерот во Ла Лига. На 40 натпревари во сите натпреварувања, тој постигна еден гол и имаше осум асистенции. Како и со другите играчи на Барселона, шпанските новинари и фудбалски фанови го посочија тренерот Ханси Флик за подемот на Балде.

Особено новинарите ја истакнуваат неговата физичка подготовка, а фудбалерот имаше брутална трансформација засамо неколку месеци под палката на германскиот тренер.

„Начинот на кој Флик физички ги подготвува играчите може да се види во тимот на Барселона, но во случајот на Балдео тоа е особено изненадувачки. Сликите од неговата брутална физичка промена ги оставија сите без зборови“, пишува мадридски Ас за сензационалната трансформација на ѕвездата на Барселона.

Во минатото исто така се пишуваше и за неговата улога во Баерн Минхен фудбалерите да бидат подготвени како „ѕверови“, истакнувајќи фотографија од Леон Горецка пред и после назначување на Флик и има огромна разлика.

Се вчитува...