Манчестер Јунајтед вчера загуби од Кристал Палас убедливо со 4-0. „Црвените ѓаволи“ со тоа уште еднаш ги разочараа своите фанови во оваа сезона, а на тимот никако да му тргне во оваа сезона.
Тимот на Ерик тен Хаг претрпува многу критики од аналитичари, новинари, навивачи, а „сол на раната“ стави и репрезентацијата на Сан Марино, една од најслабите во фудбалот во моментот.
Тие на социјалната мрежа „икс“ му испратија порака со која целосно го понижија тимот од Олд Трафорд.
„Играјте против нас, ве молам“, стои во пораката од репрезентацијата на Сан Марино упатена до англискиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА