Навивачката група на Пелистер, популарните „Чкембари“ оваа година слават 40 години од своето постоење. Славеничките активности денеска беа дополнети и со феноменална атмосфера и одлична кореографија и за време на натпреварот на „пелистерци“ против ГОГ Гудме во ракометната Лига на шампиони.
Прекрасен амбиент во салата „Боро Чурлевски“ во Битола каде „Чкембари“ роденденски одбележаа и со специјален транспарент „Како вчера да беше….“
Но, за жал, не добија возвратен подарок од своите миленици победа во Лигата на шампионите. Е. Пелистер на крај, и покрај очекувањата за победа, доживеа пораз од ГОГ Гудме од 28-31.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

