ФОТО: Далечината не е пречка кога се бодри националниот тим – Македонските навививачи и до Ереван!

ЕКИПА во Ереван, Ерменија

Владимир Булатовиќ

Како и во Рига против Летонија, македонската репрезентација и во Ереван ќе има поддршка од групата од околу 20 верни фанови на националниот тим кои ја прелетаа половина Европа да допатуваат во Ерменија за поддршка на националниот тим.

„Како и секогаш тука сме со македонската репрезентација. Веруваме дека повторно ќе донесеме среќа, како и на претходниот дуел во Рига. Далечините не се никаква препрека кога се сака искрено да се даде поддршката за националниот тим“ – коментираат македонските фанови пред мечот во Ереван кој почнува од 18 часот.

Се вчитува...