Доделувањето на „Златната топка“ за 2021 година на Лионел Меси со право е окарактеризирано како една од најголемите неправди во последните десетина години, со оглед на сосема просечниот настап на Аргентинецот во изминатата календарска година. Освојувањето на Копа Америка како прв репрезентативен трофеј никако не смееше да биде причина за апсолутна победа над сите оние кои со месеци доминираа на фудбалските терени ширум Европа.
Едногласно – најголем губитник на вчерашната гала-вечера беше Роберт Левандовски. Полјакот го доби признанието за најдобар напаѓач, што никако не може да биде „покритие“ за недобивањето на „Златната топка“.
За потсетување, „Франс фудбал“ го откажа доделувањето на признанието во 2020 година кога Левандовски беше апсолутен фаворит, за годинава тој повторно да остане со празни раце, иако имаше далеку подобри бројки (и повеќе освоени трофеи) од Меси.
Само за илустрација, Роберт Левандовски годинава одигра вкупно 54 натпревари, притоа постигнувајќи неверојатни 64 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА