Македонскиот репрезентативец Дориан Бабунски, е прогласен за најдобар играч на унгарското првенство за изминатиот месец февруари.
Бабунски кој денеска го постигна 10-тиот гол, игра одлично во 2023 година. Во февруари тој постигна четири гола, а во 2023 година вкупно шест.
Во февруари, тој погоди против Мол Фехервар, два гола против Хонвед, и еден против Пакс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА