ФОТО: „Фалангата“ се собира во Хернинг, ракометарите ќе имаат силна поддршка

ЕКИПА во Хернинг
Стеван Цаневски

И покрај тоа што вечерва ќе има тешка задача против домаќинот и фаворит за највисок пласман Данска, сепак, за македонските ракометари нема да изостане поддршката од трибините во салата во Хернинг.

Навивачите веќе го окупираа овој дански град, и вечерва се очекува да дадат силна поддршка за избраниците на Кире Лазаров, во обидот да се дојде до голема сензација на првиот меч на Европското првенство.

Во Хернинг има и лица кои допатуваа од Македонија, но и од околните држави главно иселеници кои вечерва ќе ја бодрат нашата селекција, а се очекува да дадат поддршка и на останатите два меча во групата против Португалија и против Романија.

Се вчитува...