Членот на Фенербахче, Енер Валенсија беше стрелец на првите два гола на Мундијалот во Катар. Неговата селекција Еквадор токму со неговите голови ја совлада домашната селекција со 0-2, и направи голем чекор кон пласман во 1/8 финалето.
Турскиот тим на оригинален начин ја прослави оваа победа. На својот профил на „Твитер“ објави фотографија со добро познатата слика на Меси и на Роналдо како играат шах, а позади нив Фенер го измонтира и Валенсија кој само им се смешка.
😎 @EnnerValencia14 #QatarWorldCup2022 pic.twitter.com/zIBZtnsf2y
— Fenerbahçe SK (@Fenerbahce) November 20, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА