Фото-финиш на „Гудисон Парк“ – мајсторска акција на Евертон во 99. минута за голема победа (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Евртон и Њукасл од 20. коло од Премиерлигата донесе одличен натпревар на „Гудисон Парк“ во кој домашниот состав славеше до 1-0 по одлична акција во 99. минута која Ивоби ја заврши со гол во мрежата на Дубравка.

На натпреварот му претходеше десетминутна пауза откако навивач во знак на протест против нафтените компании се врза со кабел за вратот за дирекот од голот, но и неколку жестоки прекршоци од кој беше извлечен и црвен картон, а тој му припадна на Ален.


Овој триумф е злато вреден за Евертон во борбата за опстанок. Сега „карамелите“ се наоѓаат на 17. место со 25 освоени бода, три повеќе од 18. пласираниот Вотфорд, но со два натпревара помалку од „стршлените“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...