Фото-финиш на Лаказет за пресврт победа на Арсенал над Вулверхемптон

Арсенал се искачи на петата позиција на табелата во Премиерлигата откако во заостанатиот натпревар од 20. коло славеше над Вулверхемптон во фото-финиш со 2-1.

Хе-Чан донесе предност за гостинскиот состав уште во 10. минута, а предноста на Вулверхемптон траеше се до 82. минута кога изедначување за „топџиите“ донесе Пепе. Мечот беше блиску до реми, но тогаш на сцена настапи Лаказет кој во 95. минута по одлична акција за затресе мрежата.

Се вчитува...