Фото: Фјури поради шокантна повреда ја откажа „борбата на деценијата“ против Усик

Боксерските фанови со нетрпение го очекуваа 17 февруари како датум на која во Саудиска Арабија требаше да се одржи „борбата на деценијата“ меѓу Тајсон Фјури и Олександр Усик, но овој боксерски спектакл сепак мораше да биде откажан.

Причина – шокантанта повреда што 35-годишниот Фјури ја заработи при еден спаринг-тренинг како дел од подготовките за оваа борба, Британецот се здоби со сериозна исеченица веднаш над окото, по што му беше препорачана пауза од најмалку два месеци.

„Скршен сум што по толку подготовки стигнав до одлична форма, но нема да можам да се борам. Жал ми е за сите кои бев вклучени во овој настан, внимателно ќе работам за да најдам нов датум штом ја залечам повредата на окото. Можам само да им се извинам на сите, на мојата екипа и на екипата на Усик, на соработниците и навивачите, како и на сите пријатели што ги имам во Кралството Саудиска Арабија“, порача Фјури.

За потсетување, Фјури е шампион во ВБЦ верзијата, додека Усик ги има шампионските појаси во ВБА, ИБФ и во ВБИ верзиите. Победникот на оваа борба требаше да биде првиот боксер кој ќе ги обедини четирите појаси откако тоа го направи Ленокс Луис, со големата победа над Ивандер Холидилд во 1999 година.

За сериозноста на повредата на Тајсон Фјури најдобро говори фотографијата…

Се вчитува...