Неверојатен натпревар беше одигран синоќа во турската Супер Лига. Башакшехир на домашен терен е поразен од Галатастарај со убедливи 0-7. Ова е неочекуван резултат, ако се има во предвид дека Башакшехир е на 4. позиција на табелата, и имаше исто бодови како и својот противник.
Меѓутоа нешто се случи со домашниот тим предводен од Емре Белозоглу, па уште на полувремето имаше негатива од 0-3. До крајот избраниците на Окан Бурук немаа милост, па ја наполнија мрежата на Бабакан.
После натпреварот Галатасарај додаде и „сол на раната“ пошегувајќи се на „Твитер“ профилот на Башакшехир. Тие наместо штиклиран профил кој практично го потврдува вистинскиот профил на тимот, ставија број седум, алудирајќи на седумте гола кои ги примија од нивниот тим.
Oh look, new Twitter Blue check update. pic.twitter.com/VxruHoD7Hv
— Galatasaray EN (@Galatasaray) November 12, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА