Нескриено раздвижен беше главниот град на Македонија, со бројни навивачи на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед, пред денешниот УЕФА Суперкуп кој од 20:45 часот се игра на „Телеком арената“…
Па, еден од фановите на „црвените ѓаволи“ и тоа како си ја искористи фонтаната на плоштадот Македонија за разладување пред вечерашниот „пеколен дуел“ кој го очекува неговиот тим против европскиот шампион.
Дел од фановите максимално ги искористија и сите забавни елементи кои ги нуди слободната фан-зона која е поставена на плоштадот во Скопје. Сето тоа како добра најава за фудбалскиот спектакл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА