ФОТО и ВИДЕО: Роналдо и Мајорга на „рандеву“ пред наводното силување

Американската полиција реши повторно да ја отвори истрагата за случајот во кој Кристијано Роналдо е обвинет за силување на Кетрин Мајорга во 2009 година.

Случајот се повеќе е во фокусот на јавноста, па така британскиот таблоид „Сан“ вечерва ги објави и првите фотографии и видеото од кобната вечер, сликани неколку часа пред наводното силување од страна на фудбалскаста мегаѕвезда.

Видеото од почетокот на нивното дружење можете да го погледнете на следниот ЛИНК .

Кристијано Роналдо и неговите адвокати во неколку наврати повторија дека станува збор за лажни обвинувања за да се изнудат пари од Португалецот, но останува да се види што ќе покаже темелната истрага на американските власти за овој случај.

Се вчитува...