ФОТО: И во Катар светските легенди оддадоа почит за големиот Синиша Михајловиќ!

Смртта на Синиша Михајловиќ ја потресе спортската јавност ширум Европа. Меѓутоа тагува и фудбалскиот свет кој во моментов е концентриран во Катар каде се очекува финалниот епилог на Светското првенство 2022.

Бројните светски легенди на фудбалската игра денеска веста за смртта на Михајловиќ ги затекна непосредно пред „Купот на легендите“ кои голем број екс-ѕвезди го играат како забава на Мундијалот во Катар.

Па, неизбежно пред меѓусебниот меч сите светски легенди присутни во Катар оддадоа почит на Синиша Михајловиќ, еден од најдобрите фудбалери на Балканот во историјата кој денеска ја загуби битката со леукемијата која траеше неколку години.

Се вчитува...