Селекторот на хрватската фудбалска репрезентација Златко Далиќ, пред неколку дена го имаше својот стоти натпревар на клупата на својата селекција. Далиќ со Хрватска постигна епски резултати. На Мундијалот во Русија во 2018 година играше во финалето и загуби од Франција, додека на Светското првенство во Катар со неговата селекција стигна до бронзата.
По повод овој јубилеј, хрватската фудбалска федерација му подари дрес со број 100, и на него знамињата на сите репрезентации против кои Далиќ има играно во првите 100 меча.
Меѓу знамињата се најде и на Македонија, со оглед дека лани, пред почетокот на Светското првенство Далиќ ја победи и нашата селекција. Беше тоа на 3. јуни во натпревар одигран во Риека, кога Хрватите со головите на Мајер (два) и на Пашалиќ славеше со 3-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

