Фото: Инсиње со супер-тетоважа од Диего Марадона

Лоренцо Инсиње се погрижи Диего Марадона засекогаш да биде дел од него, правејќи фантастична тетоважа од аргентинската фудбалска легенда.

Асот на Наполи секогаш го истакнуваше Диего како свој фудбалски идол, а по смртта на Аргентинецот тој реши да направи тетоважа со ликот на Марадона на својата нога.

Тетоважата е од прослава на гол на Марадона во дресот на Наполи, во спомен на најдобриот фудбалер што некогаш играл за калчолигашот чии бои сега ги брани нашиот репрезентативец Елиф Елмас.

Се вчитува...