Најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска се запиша денеска во историјата на македонскиот фудбал.
Пројковска е првата судијка во историјата на Првата македонска фудбалска лига која доби можност да биде главен делител на правдата.
Ива Пројковска одлично ја делеше правдата на мечот од 25. коло во Тетово меѓу Шкендија и прилепска Победа кој заврши со триумф на Шкендија од 2-0, со головите на Алмир Реџепи во 29. минута, и на Аденис Шаља во 68. минута.
ФОТО: Сухељ Јонузи
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА