Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал го „пецна“ Реал Мадрид пред „Ел Класико“, кое е на програмата во 16:15 часот на „Сантијаго Бернабеу“, во 10. коло од Ла Лига.
18-годишниот крилен играч на својот профил на „Инстаграм“ објави заматена фотографија од себе со раширени раце, а во позадина трибина полна со незадоволни навивачи на Реал Мадрид.
Ова предизвика огромен гнев кај „кралевите“, кои најавуваат специјален третман за репрезентативецот на Шпанија на мечот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

