ФОТО: Кога никој не очекуваше… Надежите во група со Германија и со Полска се изборија за елитен пат до ЕП!

Младата репрезентација на Македонија за фудбалери до 19 години во исклучително тешка група во претквалификациите се избори за елитна фаза од квалификацискиот пат до ЕП 2025.

По денешното реми со Казахстан, момците на Тони Јакимовски во групата заедно со моќните Германија и домаќинот Полска се изборија за продолжување на квалификациите до место меѓу најдобрите на Стариот континент.

А, кога реално ќе се погледне, малку кој пред нивното заминување за Полска веруваше дека во една таква група ќе може да дојдат до едно од првите две места. На крајот успеаја во тоа, потврдувајќи го својот потенцијал.

Се вчитува...