ЕКИПА во Сан Марино
Горан Бошев
Педесетина фанови од навивачката група „Комити“, пристигнаа во Сан Марино и се стационираа на трибините, од каде ќе го бодрат Вардар, кој денеска ќе треба да го завери пласманот во 2. квалификациско коло во Лигата на Конференции.
Вардаровите навивачи дојдоа со автобус тука во Сан Марино, да дадат поддршка за Вардар.
На трибините се присутни околу 500 гледачи, кои ќе го следат денешниот меч против Ла Фиорита. За потсетување дека Вардар по првиот меч има предност од 3-0, и не се очекува да има посериозни проблеми во пласманот во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

