ФОТО: „Комити“, во знак на протест, предвреме ја напуштија Западната трибина – со бројни пораки до раководството на клубот… (ФОТО)

Најверните вардарови навивачи „Комитите“, кои во текот на целиот натпревар ги бодреа фудбалерите на тимот на патот до седмиот куп-трофеј во историјата, пред самиот крај на мечот ја напуштија својата Западна трибина.

Искажувајќи еден вид протест „Комитите“ се повлекоа од својот Запад и се префрлија на Јужната трибина да ги поздрават освојувачите на седмиот трофеј.

Претходно, како и во текот на целата сезона, најверните вардарови навивачи, кои поседуваат и 15% од сопственоста на клубот, повторно испратија серија пораки до раководството на клубот кое не го прифаќаат уште од самиот старт на доаѓањето во јули минатата година.

Вардар, пак, од октомври има и нов сопственик во името на Атила Бижен Жалили но него се уште никој не го видел веќе седум месеци, ниту со присуство на натпреварите ниту со став во јавноста. Не беше присутен ниту вечерва на финалето на Купот на Македонија во кое неговиот клуб го освои првиот трофеј под „негова капа“.

„Комитите“, пак, во текот на мечот испраќаа пораки кон извршниот директор Миленко Неделковски, но и кон шефот на стручниот штаб Гоце Седлоски…

Се вчитува...