ФОТО: Големиот Леброн Џејмс покажа колку го почитува Јокиќ

Големиот Леброн Џејмс, уште еднаш покажа колку го почитува Никола Јокиќ.

Јокиќ се опоравува од повреда на коленото, но тоа не го спречува да ги гледа натпреварите на Денвер Нагетс. Синоќа во Колорадо гостуваше ЛА Лејкерс кој триумфираше со 107-115 на гости против Денвер.

Јокиќ го гледаше поразот на својот тим од клупата, а еден од најдобрите меѓу победниците беше Леброн Џејмс, кој ги воодушеви сите со потег за време на паузата.

Дејвид Аделман побара предизвик, за да ја провери одлуката на судијата, а Леброн ја искористи паузата за да му се приближи на Јокиќ и да го прегрне.

Се вчитува...