Последните фотографии од Милано, покажуваат дека утрешниот меч против Верона, ќе биде последен за Златан Ибрахимовиќ во дресот на Милан.
„Збогум Златан“ стои на тревникот на „Сан Сиро“ каде утре се очекува Швеѓанецот да се збогува од фановите на Милан.
Пред неколку дена напаѓачот кажа дека не размислува за пензија, и веројатно после Милан ќе оди да одигра уште една сезона во Монца, иако има 41 година.
Во актуелната сезона Ибра имаше многу проблеми со повреди, и затоа немаше голема минутажа кај „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА