ЕКИПА во Вадуц
Горан Бошев
Македонскиот национален тим попладнево во 15:00 часот го започнува новиот циклус на квалификации за пласман на Светското првенство 2026 година.
Селекторот Благоја Милевски се очекува на овој натпревар да не посегнува по поголеми експерименти. Десната бековска позиција е можеби најранливото место на Македонија, особено по отсуството на Стефан Ашковски, а според последните информации таму би требало да се најде Јован Манев.
Ако селекторот Милевски се реши да игра со три стопери позади, тогаш како стопер се повлекува Манев, а Чурлинов ќе оди како офанзивен десен бек.
Тоа е, се чини, и дилемата на селекторот на македонскиот национален тим, која ќе ја разреши непосредно пред почетокот на натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА