Селекторот Благоја Милевски, ги одреди првите 11 кои ќе стартуваат на дуелот против Финска кој се игра вечерва во 18:00 часот. Милевски се одлучи да отстапи од стандарната формација, и ќе проба со тројца стопери и двајца офанзивни бекови, надополнети со три играчи во средниот ред, и во нападот со двајца да ја совлада Финска.
На голманската позиција нема промени, односно меѓу диреците ќе биде Столе Димтриевски. Во одбраната Милевски се реши да игра со Бејтулаи, Муслиу и Серафимов. Стефан Ристовски и Езџјан Алиоски ќе бидат офанзивните бекови, кои ќе треба да помагаат и во одбрана, но и да се уфрлаат во нападот. Тројка во средина Николов и Спировски кои ќе имаат и дефанзивни задачи, а Барди ќе биде понапред за да ги „храни“ со топки истурените Несторовски и Елмас.
Така формацијата 3-5-2, во трансформација се чини ќе биде 4-5-1, со тоа што Елмас покрај напаѓачки, ќе има и задолженија во средниот ред во дефанзива, па ќе треба да ја земе топката и да ја однесе до голот на Финска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА