Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски ќе мора да паузира до 10. јули кога се очекува неговото враќање на зелениот терен вклучувајќи се во тренажниот процес на Абердин, по сериозната повреда на лигаментите добиена на дуелот против Сент Мирен во шкотскиот шампионат.
Но, Миовски не може без физичка активност… Веќе стартуваше со минимална рехабилитација по повредата, шегувајќи се дека, додека неговите соиграчи од Абердин се на одмор, за него почна предсезоната.
„Предсезоната почна, вежбите се неопходни“ – напиша Миовски на објавата на социјалнита мрежи.
Но, иако Миовски ќе се врати за европските натпревари на својот тим, за жал нема да може да и помогне на репрезентацијата на двата јунски натпревари во квалификациите за ЕП 2024 против Украина (16. јуни во Скопје) и против Англија (19. јуни во Манчестер). Селекторот Благоја Милевски и дефинитивно ќе мора да го крои нападот на јунските средби без еден од најдобрите македонски офанзивци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА