Бојан Миовски потпиша договор со Глазгов Ренџерс, по што македонскиот голгетер денеска го одржа и првиот тренинг со новиот тим. Видно расположен, Миовски не го крие задоволството што се враќа назад во Шкотска, државата каде што ги одигра најдобрите две сезони во кариерата, но како член на Абердин.
Трансферот во гигант како Ренџерс е обврска, но Миовски е подготвен за тој предизвик, желен што поскоро да се врати во голгетерска форма во сезоната во која не доби шанса каква што заслужува во дресот на Џирона.

Нашиот голгетер беше регистриран навреме за да биде во составот за утрешното големо дерби против Селтик, а последните информации говорат дека Миовски најверојатно ќе биде и стартер на овој важен меч.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
