ФОТО: Младите победници од Шведска донесоа среќа и за сениорите

Убави два фудбалски денови за македонскиот репрезентативен фудбал по победата на младата репрезентација од 0-1 на гостувањето против Шведска на стартот од квалификациите за ЕП 2025 и ремито (1-1) на сениорите со европскиот шампион Италија во квалификациите за ЕП 2024.

Младите репрезентативци денеска попладне се вратија од Јончепинг по триумфот над Швеѓаните, и веднаш на арената „Тодор Проески“ каде од трибините дадоа поддршка за сениорите. Па, очигледно и донесоа малку среќа и за повозрасните колеги низ квалификацискиот циклус.

За два дене и двете селекции ги очекуваат нови предизвици. Младите во Скопје на 12. септември го пречекуваат големиот фаворит Холандија, а сениорите истиот ден гостуваат на Малта.

Се вчитува...