Вечерашниот тренинг на македонската репрезентација на „Планет груп арената“ во Гент, како по обичај, низ досегашните настапи на националниот тим го проследи и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ.
Заедно со првиот човек на ФФМ на тренинг и истакнатите поранешни македонски репрезентативци предводени од директорот на националните селекции, Горан Пандев, а заедно со него и Илија Најдоски, Николче Новески и Агим Ибраими.
Репрезентативците утре ќе имаат и значителна поддршка од бројни македонски навивачи кои веќе се пристигнати во Гент. ФФМ за македонските навивачи организираше и фан-зона во Гент, каде ќе може да минат заедничка дружба пред организираното заедничко насочување кон стадионот за натпреварот кој стартува од 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

