АП Брера реализираше рекорден трансфер во историјата на клубот со продажба на младиот Димитар Трајков, на кого денеска против Македонија ЃП во Турново му е последниот настап во дресот на струмичкиот прволигаш.
Димитар Трајков е нов играч на ФК Полисја од Житомир, Украинa, каде преминува за рекордно обештетување во историјата на некогашна Академија Пандев, денес Брера Струмица.
Па, директорот на клубот Сашко Пандев денеска во името на соиграчите и целокупното семејство на АП Брера со посебни подароци му се заблагодари на Трајков за целокупниот учинок за клубот, испраќајќи го во Украина.
„Благодарен сум на Горан Пандев, соиграчите и сите луѓе од ФК Брера Струмица за убавите поминати години во Струмица“ – истакна и Димитар Трајков.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА