Последниот домашен меч во Лигата на Шампионите за Пелистер за оваа сезона беше дуел за паметење, откако Манасков во самиот финиш стрелаше прецизно за реми против ПСЖ.
Навивачите се погрижија да покажат дека Битола заслужува ЛШ и во иднина, како мотив до самите ракометари да се обидат да го стигнат Вардар во трката за титулата во македонскиот плејоф.
Затоа што во оваа сала, со ваква публика… ништо не е невозможно. Во таа битолска ракометна магија се уверија и ракометарите на ПСЖ, кои на десет секунди до крајот имаа предност од еден гол и напад… и пак не можеа да стигнат до цел плен во вулканот „Боро Чурлевски“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

