Блокотехна испиша историја, во само втората година од клупското постоење скромниот тим од Гевгелија стигна до трофејот во БИБЛ-лигата. Двата несреќни порази на ланскиот Ф4 во Самоков беа добро научена лекција, овојпат Блокотехна знаеше како да игра во клучните моменти и да ги добива незгодните противници – за на крајот да се оствари големиот сон и да се освои првиот пехар во клупската истоија.
Подвигот долго ќе се памети и со оглед на ограничениот ростер со кој Блоко настапи во Тирана, без повредените Главчев и Мијатовиќ, како и без Фундербург и Михајлоски, кои немаа право да бидат регистрирани за овој фајналфор турнир. Сепак, тренерот Илиевски го направи она што најдобро го знае – го извлече најдоброто од оние кои ги имаше на располагање… и направи чудо на овој фајналфор турнир.
Голема сатисфакција и за сопственикот Главчев, прв трофеј за него по долгогодишното вложување во спортот, како и за сите кошаркари, голем дел од нив со минимална минутажа во претходните клубови, но добија значајна улога во овој кошаркарски проект и максимално ја оправдаа довербата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА