ФОТО НА ДЕНОТ: Болната страна на фудбалот…

Шпанија е првиот патник во полуфиналето на Европското првенство откако по изведување на пенали успеа да слави на Швајцарија. Швајцарците кои имаа негатива од еден гол до 68. минута од мечот останаа и со играч помалку во 77. минута кога по стартот на Фолјер над Морено, Мајкл Оливер досуди директен црвен картон.

Сепак Швајцарците успеаја да издржат до крајот на регуларниот дел и продолженијата (1-1), и да изборат нов „пенал-рулет“, но за разлика од натпреварот против Франција, избраниците на Петковиќ овој пат мораа да го проследат славјето на противниците.

Се вчитува...