Фудбалерите на Брегалница се вратија во редовниот термин на натпревари во Втората лига – Исток, наспроти вообичаената пракса своите мечеви на домашен терен да ги играат под рефлектори во вечерните часови. Причина за тоа е што интензивно се активираше изградбата на новата трибина на Градскиот стадион во Штип.
Денеска од 15 часот во 7. коло од Втората лига – Исток штипјани го пречекуваат тимот на Слога Виница. Па, Брегалница сега функционира во паралелниот ритам на победите на терен и инфраструктурното подобрување на стадионот. Нема одмор…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА