Дерби си е дерби, со сите дополнителни елементи. Фудбалерите што се на теренот се обидуваат да го надмудрат противникот, ама оние резервите си имаат исто така проблеми. Што да прават, на пример, ако си имаат мака и треба да се олеснат.
Еве како тоа го прави еден од фудбалерите на Шкендија. Мислеше дека се сокри зад клупата за резерви, и оп…Константин Чешмеџиев си ја пушти „чешмата“. Го сокри лицето, ама го ’издаде’ бројката на гаќичките.
Којзнае дали вака е и во Европа, каде Шкендија играше во квалификациите за ЛЕ, или пак дозволено е само на Чаир?! Што е право, далеку се соблекувалните, нели…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА