Андон Дончевски беше специјален гостин на ФК Вардар на денешното второлигашко дерби со Гостивар, на кое првиот селектор на македонската репрезентација доби и подарок, црвено-црн дрес од својот омилен клуб.
Посетата беше овековечена и со фотографија на Чичко Дончо со фудбалерите на Вардар и директорот Бајевски, а играчите не успеаја во својата желба – да му подарат на легендарниот тренер и триумф над главниот ривал за влез во елитното друштво.
Вардар се сака и кога победува и кога губи, и кога е шампион, но и кога игра во Втората лига, доказ за тоа е токму Андон Дончевски…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

