Фото на денот: Дарко Чурлинов е дома

Дарко Чурлинов зимава одби и побогати понуди само за да си ја исполни желбата и да се врати назад во Шалке. Македонецот пред две сезони помогна Шалке да влезе во Првата лига, но овојпат предизвикот е поинаков, тој ќе треба да даде свој придонес за да биде обезбеден опстанокот во Втората германска лига.

Тој дебитираше со гол минатиот викенд, попладнево беше стартер, не усепа да се запише меѓу стрелците, но она што е најважно – Шалке успеа да слави над Брауншвајг со минимални 1-0.

По мечот фудбалерите тргнаа пред трибината на најверните навивачи за да ги поздрават и да се заблагодарат на поддршката, а Чурлинов беше во главна улога, веејќи го знамето на Шалке.

„Дарко е дома“, гласеше објавата на официјалниот твитер профил на клубот од Гелзенкирхен со фотографиите од Македонецот по мечот.

Се вчитува...