„Добро утро, шампиони“, гласеше еден од графитите во Аеродром посветени на првата шампионска титула, толку посакувана што МЗТ Скопје предводен од Александар Тодоров, ја освои во 2012 година.
Токму таа титула означи и почеток на доминацијата на аеродромци на македонската кошаркарска сцена, со освоени 11 титули во последните 12 финиширани натпреварувачки сезони (без онаа прекинатата во коронавирусот). „Металците“ беа најдобар тим во текот на целата сезона, лидерската позиција ја задржааа до почетокот на плејофот, а таму со максимални 9-0 во сериите со Гостивар, ТФТ и во финалето со Пелистер покажаа дека се неприкосновени на домашната кошаркарска сцена.
Рецептот во последните години е добро проверен, Војдан и Дамјан како лидери, овојпат со нешто поевтини, но добро погодени странци, но и со млад играч како Марин Петков кој добиваше значајна минутажа и знаеше како да се оддолжи на довербата.
Доминацијата продолжува, и повторно низ Аеродром може да се слушне: Добро утро, шампиони…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА