ФОТО НА ДЕНОТ: Горан Пандев со поддршка за одбојкарите во Струмица

Македонската одбојкарска репрезентација пред празни трибини во Струмица, поради актуелната воено-политичка ситуација на Блискиот Исток, го одигра денешниот натпревар против Израел од третиот турнир во Европската Златна лига.

Но, и покрај празните трибини, како специјален гостин на Одбојкарската федерација на Македонија беше директорот на националните селекции во ФФМ, македонската фудбалска икона Горан Пандев.

Пандев во друштво на претседателот на ОФМ, Петар Јовановски, го следеше мечот со Израелците…

Се вчитува...