Мартин Томовски беше херојот (заедно со капитенот Кузмановски) во фантастичното реми против Португалија, извонредниот голман влезе на десетина минути до крајот и собра осум интервенции, две од нив клучни во последната минута.
Горди на неговото издание беа сите Македонци, но најмногу неговата мајка Татјана, која ја сретнавме во подтрибинскиот простор, носејќи топка што му ја даде на Мартин, со желба да биде потпишана од сите репрезентативци кои беа дел од овој ракометен спектакл.
„Горда сум, навистина сум горда на него“, пресреќно говореше Татјана крај својот син….
И навистина, „пантерот Томовски“ ги заслужува сите комплименти за она што го прикажа вечерва во Хернинг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

