ФОТО/ ВИДЕО НА ДЕНОТ: Иван Галевски, Македонецот што ја освои Атина!

Алкалоид е многу блиску до кревање на трофејот во ЕХФ Европскиот куп откако македонскиот тим одигра извонредно на првиот финален дуел со АЕК, славејќи сред Атина со резултат 25-29.

Ниту фанатичната атмосфера на трибините ниту инцидентите што ги направија грчките навивачи не ги исфрлија од ритам избраниците на Лазаров, кои одиграа меч за паметење и заслужено стигнаа до победата.

Дефинитивно најдобар поединец во нашиот табор беше Иван Галевски кој ги откажа противничките голмани. Фати четири пенали во низа, а на крајот заврши со пет од шест одбранети пенали, а сето тоа го прослави на најдобар можен начин пред грчката публика. На крајот на мечот имаше плус уште четири клучни одбрани со кои го доведе Алкалоид на чекор до освојување на трофејот.


Се вчитува...